Б2Б средби на вториот ден на саемот во ТиранаДиректорот на Агенцијата за странски инвестиции, г-дин Беким Емини заедно со компанијата
RUEN Inox Automobile
од Кочани денеска остварија средба со претставници на компанија од автомобилска индустрија од Јапонија. Станува збор за гигантска компанија со над 20 000 вработени, распространета во 15 земји во светот кои изразија интерес за потенцијалите и условите за инвестирање кои ги нуди нашата земја.
Претставници од компанијата Еверест од Албанија производител на автомобилски делови која е оперативна во индустрискиот дел во Визбегово изрази интерес за проширување на своите производни капацитети во слободните зони во Северна Македонија.Во текот на денот беа остварени средби и со повеќе компании од автомобилска индустрија од земјата и регионот и успешно беа претставени условите и предностите кои ги нуди нашата земја за започнување и водење бизнис.